138
Бројот на лица заразени со коронавирус во Индија надмина дваесет милиони, според официјалните податоци на индиското Министерство за здравство.
Индија за 24 часа забележа 357.229 новозаразени лица.
Вчера во Индија имало 3.449 смртни случаи од Ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата е 222.408.
Земјата со 1,3 милијарди жители е погодена од вториот бран на епидемијата, а од крајот на март се регистрирани осум милиони нови инфекции.