Иницијативен одбор за формирање нова политичка партија ,,Граѓански Фронт”

од Andreja Salpe
339 прегледи

На денешното гостување во емисијата на телевизија 24, Јордан Трајков, претседател на Иницијативниот одбор за „Граѓански фронт” вели дека новата политичка партија ќе се залага за елиминирање на корупцијата, но пред се промена на политичкиот систем.

Тој истакна дека на С. Македонија и е потребен претседателски систем кој претставува и извршна власт, како пример ја наведе Франција.

,,Кога партиите не се демократски, тие не рефлектираат демократија во општеството, ние се залагаме за промена на политичкиот систем, од мешовит во претседателски, бидејќи извршната власт има влијание врз законодавната и судската, тие мора да бидат засебни власти”

Слични содржини