Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил

од Andreja Salpe
252 прегледи

Малолетен пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко моторно возило. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Надлежните информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Според информации од министерството за внатрешни работи, вчера во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада” со ул.„Џон Кенеди” и ул.„362″ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Слични содржини