Ларвите одобрени од ЕУ како „безбедни за јадење“

од Stefanija Kuzmanovska
456 прегледи

Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор дека ларвите брашнари може да бидат етикетирани како „иновативна храна“, безбедна за јадење, објави Европската комисија во вторникот.

Договорот значи дека ЕУ наскоро ќе донесе закон со кој ќе се дозволи консумација на јадења со дехидриран голем жолт брашнар или негови ларви (Tenebrio molitor).

„Употребата на инсекти како алтернативен извор на протеини не е нова и редовно се јаде во многу делови на светот“, велат од Комисијата.

Големиот жолт брашнар ќе треба јасно да биде обележан како таков кога се користи во прехранбени производи, особено за да се предупредат луѓето кои можат да бидат алергични.

Инсектите може да се користат за хамбургери, протеински шејкови и бисквити.

Комисијата наведува дека во моментов има уште 11 барања за употреба на инсекти за „нова храна“ во ЕУ и истите ќе бидат разгледани од Европскиот орган за безбедност на храната (EFSA).

Одлуката за брашнарот формално ќе биде донесена во следните недели, соопшти Комисијата.

Посочувајќи дека ова е прв пат некој инсект да биде одобрен за храна во ЕУ, Комисијата забележува дека инсектите се консумирани во некои земји-членки порано.

Но, тоа беше пред ревизијата на Европската регулатива за нова храна во 2018 година, која предвидува дека целосните инсекти мора да бидат одобрени за употреба како храна.

Научниците со години истакнуваа дека големиот жолт брашнар е многу нутритивно вреден, има многу протеини и здрави масти.

Ларвите може брзо да се одгледуваат во подлоги како пекарски квасец, пченични трици, пченкарен скроб и брашно од компир.

Тие веќе долго време се наоѓаат на пазарите во земјите од Југоисточна Азија.

Слични содржини