Американскиот претседател Џозеф Бајден се надева дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во рамките на неговото патување во Европа во јуни.
На новинарско прашање во Белата куќа да објасни дали тој предлага состанок со неговиот руски колега во јуни кога ќе отпатува во Европа за самитите на НАТО и Г7, Бајден одговори:
„Се надевам и го очекувам тоа. Работиме на тоа“, рече шефот на Белата куќа.
Претходно, Бајден му предложи на Путин да се сретнат во Европа за да разговара за билатералните односи меѓу САД и Русија.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки изјави дека е рано да се каже каде ќе се одржи самитот, но таа претпоставува дека ќе биде на лето, што беше потврдено и од Кремљ.