Кристијан Голубовиќ ќе биде приведен поради поврзаност со Вељко Беливук? (ФОТО)

од Nikola Popovski
957 прегледи

Белградските медиуми вчера објавија дека познатиот Александар Кристијан Голубовиќ (53), учесник во реалното шоу „Задруга“, може да биде уапсен во рамките на истрагата против озлогласениот Вељко Беливук (36).

Имено, фотографија од пред десет години од стадионот на ЈНА во Хумска во Белград сведочи за нивното наводно познанство и поврзаност.

Двајцата биле фотографирани со уште еден млад човек на стадионот на фудбалскиот клуб Партизан. Наводно, ова е слика поради која Голубовиќ може да биде поканет во седиштето на СБПОК, да одговори на прашања, поврзани со истрагата против кланот на Беливук.

Таму, наводно, Голубовиќ би можел да биде испрашуван за неговото пријателство со Беливук, но и за тоа дали можеби се занимавал со трговија со дрога заедно со Веља Невоља.

Претходно медиумите објавија дека познавањето на Беливук и Голубовиќ наводно датира од поодамна, како и дека споменатата фотографија зборува за тоа.

Да потсетиме, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ беа уапсени на почетокот на февруари, заедно со другите членови на нивната група. Тие се осомничени за сторени најтешки кривични дела.

Слични содржини