309
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапе за половина денар, а цената на бензините остана иста.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат, односно останаа 67 и 69 денари за литар.
Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за половина денар на 59 односно 58,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,149 денари и сега изнесува 34,443 денари за килограм.