Саманта Џонс не е лесна за замена. Наместо познатата Ким Катрал, славните пријателки од серијата „Сексот и градот“ ќе добијат дури три нови члена.
Имено, продолжението на култната серија најде замена за најконтроверзниот лик во „Сексот и градот“. Потребни се дури три нови лика за да ја надоместат Саманта во култниот хит, а сите три жени се „со обоена кожа“, пишува „Њујорк пост“.
Авторите најавуваат промена кон инклузивност, бидејќи комплетно белата група пријателки нема многу смисла во Њујорк во 2020-тите. Претходно беше најавено дека и писателите на продолжението ќе бидат поразновидни.
Се подразбира дека фановите се шокирани од оваа одлука. Повеќето заклучија дека без Саманта воопшто не вреди да се гледаат нови епизоди од серијата.
Новата сезона, ново поглавје во 10 епизоди наречена „And just like that…“, ќе започне да се снима на крајот на пролетта под покровителство на HBO Max. Улогите ќе ги повторат Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон, а тие ќе бидат и извршни продуценти на серијата. Ким Катрал е во долгорочна расправија со своите колеги, па затоа за неа не се зборуваше за продолжување на снимањето.
Најавено е дека гледачите ќе ги следат Кери, Миранда и Шарлот на нивното патување од сложената реалност на животот и пријателството во нивните 30-ти до уште покомплексната реалност на животот и пријателството во нивните 50-ти.
Мајкл Патрик Кинг, кој ја доби наградата „Еми“ за режија на серијата, и ги напиша и режираше двата филма „Сексот и градот“, е шеф на целиот проект, но го нема авторот Дарен Стар. Тој има голем договор со Viacom CBS, па дури и ако не е така, Стар со години одговараше, кога и да го прашаа за тоа, дека нема намера да се врати во „Сексот и градот“.
Серијата е снимена во шест сезони и има 94 епизоди. Таа доби 50 номинации за Еми и освои седум. Од 24 номинации, таа освои осум Златни глобуси. Уште во 2007 година, таа беше на списокот на 100 најдобри ТВ серии на сите времиња.