Мицкоски и Пендаровски в петок на средба: 27 април главна тема

од Берта Китинска
177 прегледи

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  в петок ќе оствари средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски.Средбата е по барање на Мицкоски, а на неа ќе стане збор за изјавата на претседателот за настанот од 27 април и политичка и економска состојба во земјата.

-На средбата ќе побарам да им се суди за она што го направиле. Влегле во парламент, да, имало насилство, но немало тероризам немало.Амнестија не бараме, изјави Мицкоски на денешниот брифинг.