Џони Деп пцуе на чист српски јазик во најава за филм (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
434 прегледи

Во најавата за документарниот филм „Крека: Ловец на соништа“, Џони Деп пцуеше на чист српски јазик и ги насмеа сите.

Имено, Деп го објави документарниот филм во режија на Слободан Иветиќ во друштво на најпознатиот српски сценограф Миљен Крековиќ Крека:

„Је*и га! Да се опиеме“, рече холивудскиот актер на српски јазик и со тоа ги воодушеви присутните, но и оние што ја гледаа оваа објава.

Покрај Деп, во оваа продукција ќе зборуваат и режисерот Бери Левинсон, продуцентот Мати Лешем, како и кинематограферот Виторио Стораро.

Филмот ќе биде премиерно прикажан на овогодинешниот ФЕСТ, на 16 мај, а станува збор за најпознатиот српски сценограф.

Претходно во Монте Карло, во интервју дадено на Јелена Мандиќ, поранешната прва вицешампионка за Мис на Србија и Црна Гора, актерот изјави дека „ги обожава Србија и Србите“, кога покажа и што знае – рече „како си“ и „те сакам“.

Сепак, љубовта на Џони кон Србија датира од 90-тите години на минатиот век. Тогаш свиреше гитара во белградскиот СКЦ заедно со групата Партибрејкерс, а се појави и славниот американски режисер Џим Џармуш. Во Белград ги донесе Емир Кустурица, кој го снимаше филмот „Аризона дрим“ со Деп.

Џармуш и Деп се гости на ФЕСТ три години.

Слични содржини