Во Собранието за денеска се закажани продолженија на четири седници и тоа 29, 30, 34 и 36. седница. Во 12 часот е закажано продолжението на 29. седница на чиј дневен ред се останати уште пет предлог законски решенија.
Меѓу предлог-законите е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка.
Во 12 и 10 часот е закажано продолжение на 30. седница, на чиј дневен ред се останати уште три предлог законски решенија, меѓу кои Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка.
По 30. седница, закажана е 34-тата, на која една од точките е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, и пет предлог-законски решенија во прво читање. На седницата е и Информацијата за нацрт Концепција за основно образование поднесена од група пратеници. По 34. седница, закажано е продолжение и на 36-тата.
За денеска се закажани и седници на собрниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.