Болсонаро: Короната е направена за водење биолошка војна

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води „биолошка војна“.

Тој објасни дека станува збор за нов вирус и дека „никој не знае дали потекнува од лабораторија или затоа што човек јадел животно што не требало да го јаде“.

– Но, армијата знае сè за хемиската, биолошката и радиолошката војна. Дали е можно да се води нова војна, се прашувам. Чиј бруто домашен производ порасна најмногу – праша реторички Болсонаро.

Според „Гардијан“, иако бразилскиот претседател директно не ја обележа Кина, таа земја е единствената членка на Г20 што забележа раст минатата година.

Болсонаро и неговите соработници даваа изјави за Кина во минатото, кои понекогаш ги нарушуваа односите со најголемиот трговски партнер во Бразил.

Во март, бразилскиот претседател го замени тогашниот министер за надворешни работи Ернест Араухо, кој ја осуди „маоистичката Кина“ и нејзиниот „план за светска доминација“.

Слични содржини