Воената соработка во Европската унија ќе биде стимулирана со првото учество на надворешните партнери, САД, Канада и Норвешка, во еден од нејзините проекти, објави денеска германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер.
„Тоа ќе биде квантен скок во однос на конкретната соработка“, рече таа пред првиот состанок во живо со колегите од земјите-членки на ЕУ по повеќе од една година во Брисел, пренесе Ројтерс.
Проектот на ЕУ за воена мобилност, во кој ќе учествуваат и САД, Канада и Норвешка, е дизајниран да го олесни движењето на војниците низ Европа, што НАТО го смета за клучно во случај на конфликт со Русија.