210
Врховниот суд на Европската унија денес потврди делумна забрана за три инсектициди кои штетат на пчелите, според кој нивната употреба не е дозволена за одредени култури во блокот.
Европскиот суд на правдата денеска ја отфрли жалбата на германскиот хемиско-фармацевтски концерн „Баер“, кој побара поништување на одлуката на понискиот суд на ЕУ од 2018 година за забрана за употреба на тие препарати во Унијата, пренесе Ројтерс.
Пресудата се однесува на забраната за три активни супстанции – имидаклоприд развиен од „Баер“, клотианидин развиен од „Такеда хемикал“ и „Баер“ и тиаметоксам од компанијата „Сингента“.