Пејачката Били Ајлиш за првпат ја покажа својата огромна тетоважа која се протега од бутот до стомакот и за која тврдеше дека никогаш нема да ѝ ја покаже на јавноста.
Позирајќи за британското издание на Вог, 19-годишната пејачка носеше корсет „Бурбери“ во боја на кожа, провиден, чорапи и капут, а преку проѕирниот дел се гледаше фамозната тетоважа.
Таа сè уште не ја откри симболиката на тетоважата, но некои нејзини обожаватели на социјалните мрежи шпекулираат дека станува збор за голем змеј.
Пејачката ја криеше тетоважата од јавноста најмалку четири месеци, а откако ја направи, рече дека никогаш нема да им ја покаже на фановите.