Претседателот на Чешка: Признавањето на Косово е грешка

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Претседателот на Чешка, Милош Земан, верува дека признавањето на независно Косово било грешка.

Тоа го споменал и при неговата посета на Белград во септември 2019 година, посочува тој.

„После многу години политика, јас сум познат како личност која е доследна на своите ставови. Сè уште верувам дека признавањето на независно Косово е грешка, и го споменав тоа за време на мојата посета на Белград во септември 2019 година. За ова прашање разговарав со највисоките уставни службеници на земјата, сепак, тие не се согласија со мене и бидејќи живееме во време на демократија, морам да го почитувам мислењето на мнозинството“, објаснува тој.

Долгорочни одлични билатерални односи и зајакнување на соработката, особено во областа на економијата, се темите на новата средба меѓу претседателите на Чешка и Србија. Милош Земан пред две години беше во Белград, а оваа година е домаќин на Александар Вучиќ во Прага.

Во интервју за списанието „КорД“, претседателот на Чешката Република вели дека посебноста на врските меѓу двете земји може да се илустрира со фактот дека посетата на претседателот на Србија ќе биде „прва официјална претседателска посета по пандемијата“.

Земан вели дека сè уште верува во неопходноста од проширување на ЕУ, вклучително и членството на Србија, бидејќи „членството во ЕУ води кон мир, стабилност и просперитет“.

Чешкиот претседател вели дека во разговор со гостинот од Белград ќе се распраша и за процесот на вакцинирање во Србија. „Борбата против пандемијата е прашање на здравје, а не геополитика“, смета Милош Земан, одговарајќи на прашањето за критериумите врз основа на кои Чешка избира од кого да ја набави спасувачката вакцина.

Слични содржини