416
Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ реши малку да го смени имиџот, па се одлучи за нова боја на коса. Анастасија не експериментираше многу кога станува збор за изгледот, но очигледно е дека нејзината долга црна коса и здосадила.
Имено, таа сега е офарбана во топли, кафеави тонови, а за новата боја веднаш се пофали на фановите на Инстаграм.
-Нова боја по четири години – напиша кратко со видео во кое позира без трошка шминка, но со свежо направени кадрици.