Германија се спротивставува на предлогот на САД производителите да се откажат од патентите за вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

ГЕРМАНИЈА го отфрли американскиот предлог фармацевтските компании да се откажат од патентите за вакцини против Ковид-19, сметајќи дека производството не се ограничува со правата на интелектуална сопственост, туку дека е потребно да се зголемат капацитетите и да се обезбеди квалитет.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата изрази поддршка за предлогот фармацевтските компании да се откажат од патентните права, радикален пресврт во американската политика, а неговиот главен трговски преговарач Кетрин Таи веднаш ги поддржа преговорите во рамки на СТО.

Германската влада ја поддржува целта за обезбедување вакцини против Ковид-19 ширум светот, рече владиниот портпарол, додавајќи сепак дека главните фактори во производството на вакцини се производствениот капацитет и стандардите за квалитет, а не патентите.

„Заштитата на интелектуалната сопственост е извор на иновации и мора да остане така и во иднина“, рече таа.

Таа додаде дека Германија ја поддржува иницијативата COVAX, со цел да се натераат што повеќе луѓе во светот да добијат вакцина, истакнувајќи дека преговорите во СТО продолжуваат.

СТО во април објави дека од дистрибуирани 700 милиони дози вакцини ширум светот, само 0,2 проценти се нашле во земји со ниски примања.

Европската унија е подготвена да разговара за предлогот компаниите да се откажат од правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19, рече во четвртокот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, додека фармацевтските компании се спротивставуваат на тоа.

Слични содржини