„Албин Курти треба да разбере дека суперсила успеа да го подели Берлин на половина, главниот град на најмоќната европска земја“, вели поранешниот пратеник во косовското собрание Миљаим Зека.
„Ако не се координираме со нашите меѓународни партнери, особено со Германија и Соединетите држави, убеден сум и многу сум загрижен дека иднината на Косово ќе биде поделба на 17 проценти од територијата“,истакна тој.
Зека понатаму рече дека Косово треба да се врати на идејата на Тачи за мир, цитиран од Б92.