372
По средбата кај претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека не бараат амнестија, туку правда за луѓето кои се осудени за упадот во Собранието.
Тој вели дека треба да има повторен судски процес, и нема луѓето да бидат, односно според него не постои основ овие луѓе осудени за 27 април да бидат осудени како терористи.
„Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда за сите граѓани. Ќе се борам до последна капка крв за секој еден граѓанин на нашата Македонија“, рече тој.