Национална пливачка федерација: Надлежните да истражат како непостоечката Пливачката федерација на чело со Маленко да ја претставува земјата пред меѓународни институции

од Vladimir Zorba
246 прегледи

И покрај неколкуте наши писмени и усмени укажувања, Олимпискиот Комитет на Северна Македонија и натаму како свој член ја признава Пливачка федерација на Северна Македонија со претседател Александар Маленко, која на двете последни годишни собранија на Олимпискиот комитет на Северна Македонија и учествуваше во работата на собранијата, за разлика од нашата федерација на која и беше оневозможено учеството, велат од Националната пливачка федерација на Република Северна Македонија.

– Го повикуваме Oсновното јавното обвинителство, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција односно Јавниот обвинител г-ѓа Вилма Русковска, Управата за финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за млади и спорт, Антикорупциската комисија и други надлежни државни органи од нашата земја врз основа на допрен глас, да преземат дејствија спрема Олимискиот Комитет на Северна Македонија и таканаречената Пливачка федерација на Северна Македонија(со таканаречен претседател Александар Маленко) и да утврдат на кој начин, по која основа, за која цел и колку финансиски средства од Интернационалниот олимписки комитет, Фондот за Олимписка Солидарност на Интернационалниот Олимписки Комитет и FINA- Интернационалната Пливачка Федерација, од страна на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија се доделени и потрошени на име на активности на таканаречената Пливачка федерација на Северна Македонија со таканаречен претседател Александар Маленко кој е нерегистриран правен субјект и на кој начин оваа нерегистрирана спортска федерација во Централниот регистар на Северна Македонија е член на Олимпскиот Комитет на Северна Македонија, порачува претседателот на Националната пливачка федерација на Република Северна Македонија, Александар Филипчев.

Според нив во последниот допис од FINA(Интернационалната Пливачка Федерација) до таканаречената и официјално непостоечка Пливачка Федерација на Северна Македонија со самонаречениот претседател Александар Маленко, во кој е наведено дека FINA ја признава Пливачката федерација на Северна Македонија со претседател Александар Маленко како нејзина членка, ја известуваат македонската и меѓународна јавност и надлежните државни институции од нашата земја за следното:

1. Таканаречена Пливачка федерација на Северна Македонија со таканаречениот претседател Александар Маленко не е регистриран во Централниот регистар на Република Северна Македонија и таков субјект не постои во правниот промет во нашата држава, ниту на таков субјект Агенцијата за млади и спорт има издадено Решение дејност спорт-пливање.

2. Во Централниот регистар на Република Македонија единствена регистрирана федерација за спортот-пливање е Националната Пливачка Федерација на Северна Македонија со претседател Александар Филипчев, на која Агенцијата за млади и спорт и има издадено и решение за вршење на дејност спорт бр. 08-503/2 од 15.03.2021 година.

3. За лицето Александар Маленко кое се претставува како таканаречен претседател на таканаречена Пливачка Федерација на Северна Македонија и со тоа ја доведува во заблуда македонската и меѓународната јавност во тек е кривична постапка пред Основниот кривичен суд Скопје за кривично дело Посебни случаи на фалсификување исправи.

4. Од страна на Националната пливачка федерација на Северна Македонија до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија поднесена е и нова кривична пријава против таканаречениот претседател Александар Маленко од таканаречената Пливачка Федерација на Северна Македонија и за друго кривично дело и која постапка е во тек.

5. Во изминатите 2 години од лукративни причини пред домашната и меѓународна јавност лицето Александар Маленко се претставува и презема дејствија и активности како претседател на такнаречена Пливачка Федерација на Северна Макеоднија, а ова е само една епизода од неговото делување, со што создава забуни пред јавноста и институциите и со тоа има нанесено огромна нематеријална и материјална штета на Националната пливачка федерација на Северна Македонија, на пливачкиот спорт воопшто во нашата држава, а најголеми жртви на тоа се спортистите -пливачи.

6. Пред две години Олимпискиот Комитет на Северна Македонија писмено и усмено е известен од наша страна дека таканаречена Пливачка федерација на Северна Македонија со таканаречен претседател Александар Маленко не е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија, дека истиот нема решение за дејност спорт издаден од Агенцијата за млади и спорт, а дека единствена легална и легитимна е Националната пливачка федерација на Северна Македонија со претседател Александар Филипчев.

– Сето ова ни дава за право да се сомневаме дека создавањето на „фантомска пливачка федерација“ со име Пливачка федерација на Северна Македонија со претседател Александар Маленко и манипулирањето на домашната јавност и институциите вклучувајќи ја и FINA- Интернационалната Пливачка Федерација, не е се само „идеја и проект“ на лицето Александар Маленко, туку и на лица од Олимпискиот комитет на Северна Македонија, односно по наше длабоко убедување е дека се преземени незаконити дејствија во користење на финансиските средства односно нивно незаконито користење од физички и правни субјекти како и злоупотреба на тие средства од Интернационалниот Олимписки Комитет, Фондот за олимписка солидарност и FINA- Интернационалната Пливачка Федерација, а наменети за пливачкиот спорт во Северна Македонија и остварување на норми на потенцијалните кандидати од спортот пливање за учество на Олимписките игри ТОКИО 2022, порачуваат тие.

Слични содржини