Бочварски: На семејството Белчовски им доделивме стан во Струмица

од Andreja Salpe
185 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на својот фејсбук профил напиша дека денеска на седница на Комисијата за станбени прашања едногласно е одлучено на семејството Белчовски да им биде доделен стан во општина Струмица.

– Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица. Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост, напиша Благој Бочварски на својот фејсбук профил.

Слични содржини