Британија: Ревакцинација без АстраЗенека за помладите од 40 години

од Nikola Popovski

Во Велика Британија, повеќето луѓе на возраст под 40 години кои ја примиле првата доза на вакцина АстраЗенека, ќе добијат друга вакцина за втората доза, за да се избегне ризикот од формирање на тромб.

Британската агенција за безбедност на лекови објави дека досега се регистрирани 242 случаи на згрутчување на крвта и 49 смртни случаи поради тоа, а дадени се 28,5 милиони дози.

Утврдено е дека ризикот е поголем кај помладата популација, поради што е донесена таквата одлука.

Анализата наведува дека ризикот од згрутчување на крвта е околу еден на 100.000 кај лицата во четириесеттите години, а кај луѓе во триесетте години веројатноста е еден наспроти 60.000.

Утврдено е дека најголем број случаи со формирање на тромб имало по првата доза на вакцината, но сепак било заклучено дека на сите деца на возраст под 40 години им се препорачува да примат друга вакцина како втора доза.

Слични содржини