Поради хакерски упад прекинати сите операции на најголемата американска компанија за трансфер на нафта

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Најголемата американска компанија за трансфер на рафинирана нафта во САД, „Colonial Pipeline“, ги прекина сите свои операции поради хакерски упад, соопштено е од седиштето на компанијата.

Во соопштението се посочува дека нападот е откриен на крајот на неделава, дека сите системи се затворени, како и дека Интернетот е исклучен за да се реши проблемот.

Компанијата „Colonial Pipeline“ ангажираше експертска компанија која се занимава со безбедносни проблеми на Интернет да спроведе истрага, а сојузните власти се информирани за овој случај, според извештајот на „Ројтерс“.

Гасоводот на компанијата ги поврзува рафинериите со пазарите преку југот и истокот на САД преку гасоводен систем со вкупна должина од околу 8.850 километри низ кој течат бензин, дизел, керозин и други нафтени производи.

Слични содржини