Иако Цеца Ражнатовиќ важи за една од најзгодните пејачки на овие простори, таа, како и повеќето жени, се случува малку да се опушти. Како што и самата вели, се здебелила 5 килограми во изминатите неколку месеци, но благодарение на само една мала промена, успеала да ја врати идеалната килажа. Имено, таа само го сменила пристапот кон храната.
„Целосно го сменив начинот на размислување за мојата исхрана. Не станува збор за тоа дали ќе ослабам, туку да јадам здрава храна“, рече Цеца и додаде:
-Никогаш не сум имала проблем со килажата, бидејќи мојата генетика е одлична. Сепак, пред извесно време почнав да накачувам тежина. Се соочив сама со себе и си реков дека сакам, пред сè, да живеам поздраво! Посетив одлична нутриционистка , која ја познавав преку заеднички пријатели со години. Таа постојано ми зборуваше: „Ајде Цеки, само малку да ти ја корегирам исхраната“, а јас секогаш наоѓав изговори дека мене тоа не ми треба. Бев убедена дека се хранам здраво, а покрај сето тоа го постев секој пост. На крајот сфатив дека сакам промена, ја повикав и заедно направивме план според кој треба да се хранам. Бидејќи обожавам месо и салата, мојата исхрана се базира на тоа“, вели Цеца, додавајќи дека понекогаш има потреба од слатки, но пронашла решение и за тоа:
-Кога ми се јаде нешто слатко, јадам, но според рецептот на нутриционист. Верувале или не, постои рецепт за здрав овошен пудинг. Исто така е важно да бидете умерени во сè. И, ако јадете нешто што не треба, важно е утре да се вратите во вашиот режим, а не да кажувате: „Ќе го сторам тоа во понеделник“.
Ако почувствувате ненадеен глад, напијте се чај од ѓумбир бидејќи ви дава чувство на ситост.