„На чиј плац ВМРО ДПМНЕ сака да биде изградена зградата која според нив треба да биде нов Клинички центар? Дали можеби тоа е на плацот кој е во сопственот на Самсоненко, бизнис партнерот на нивниот спонзор Орце Камчев? Или пак на уште помалиот плац кој е делумно државно, а делумно приватно земјиште и кој се користи како хелиодром?“, прашува денеска Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
„Ние нудиме изградба на нов Клинички центар на површина од 110.000, осмислен со брзи и ефикасни сообраќајни решенија, модерни болнички услови кои ги задоволуваат современите стандарди во медицината и потребите на граѓаните. А ВМРО-ДПМНЕ зборува за реновирање на веќе постоечки простор кој одамна е претесен за потребите на нашиот здравствен сиситем.
Сите ние пратеници во Собранието имаме одговорност пред граѓаните, особено во еден чувствителен период, во време на пандемија, да бараме решенија во интерес на граѓаните и унапредување на здравствениот систем“, истакнува Петровска.