233
Од ден во ден се зголемува темпото на вакцинација, што е показател дека системот за масовно вакцинирање функционира одлично, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Само вчера аплицирани се 13.725 дози вакцини. Во државата вкупно се вакцинирани 118.984 граѓани, а со последните бројки 32% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.
„Интересот за вакцинација расте од ден во ден, а напоредно со тоа ги надградуваме и капацитетите со што до средината на летото, во зависност до достапноста на вакцини, можеме да постигнеме колективен имунитет. Пријавете се за вакцинација на www.vakcinacija.mk“, посочи министерот.