Хамилтон ја освои 100-тата пол позиција во својата кариера

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, денес ја освои пол-позицијата бр.100 во кариерата во Шпанија.

Актуелниот светски шампион оствари резултат 1:16,741 минути на патеката Каталонија и ќе започне прв во трката за Големата награда на Шпанија.

Втор во квалификациите беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со заостанување од 0,036 секунди, додека трет беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас со заостанување од 0,132 секунди.

Од четвртото место ќе стартува Шарл Леклерк од Ферари, а по него следуваат Естебан Окон од тимот на Алпина и Карлос Саинц од Ферари.

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо ќе стартува од седмата позиција, Серхио Перез од Ред Бул ќе започне од осмата, возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе биде зад него, а Фернандо Алонсо од Алпина ќе стартува од 10-тото место.

Четвртата трка во шампионатот, за Големата награда на Шпанија, е на програмата во недела од 15 часот.

Хамилтон победи на две трки оваа сезона, во Бахреин и Португалија, додека Верстапен беше побрз во Италија.

Слични содржини