Изменет режим на сообраќај во Скопје на 10 и 11 мај поради посета на странска делегација

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 10 и 11.05.2021 (понеделник и вторник), поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.

За таа цел, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Слични содржини