Четиригодишно девојче и две жени застрелани на њујоршкиот Тајмс Сквер (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Четиригодишно девојче и две жени биле застрелани во саботата попладне на њујоршкиот Тајмс Сквер, објавија американските медиуми.

Според информациите од полицијата, жртвите не се поврзани со напаѓачот, ниту пак се меѓусебно поврзани. Полицијата соопшти дека има информации дека неколку мажи се скарале, па еден од нив пукал и ги погодил девојчето и двете жени.

Девојчето, пишува Ен-Би-Си, било рането во ногата, како и двете жени.

Една е 23-годишна туристка која сакала да ја види Статуата на слободата и бидејќи била затворена во моментот кога таа дошла, одлучила да прошета на Тајмс Сквер.

Ен-Би-Си пишува дека е уапсено лицето осомничено дека е поврзано со пукањето.

Странските медиуми објавија слика од лицето за кое полицијата верува дека пукало.

Слични содржини