Менкиноски контра Рускоска: Единствен доказ против Камчев е белешката на АНБ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Не е вистина тврдењето на јавниот обвинител за организиран криминал Вилма Рускоска дека белешката од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не е доказ во постапка во која е притворен Јордан Камчев.

Ова денеска на прес го изјави адвокатот Тони Менкиноски, кој посочи дека според сите решенија на судот со кои е ограничена слободата на Камчев, експлицитно еден и единствен доказ е белешката на АНБ.

– Белешката е празна и не содржи ништо. Да напоменеме согласно со македонското позитивно право или поточно со чл.43 ст.2 од законот за АНБ ,изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка. Би сакаме да потсетиме дека одбрана во целиот арбитререн процес укажува на ова противправно и незаконито дејстување на АНБ и Јавниот обвинител. Но, ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет ниту Апелационен суд не сакаат да обрнат внимание, и оваа белкешка ја сметаат за единствен доказ во нивните одлуки, забележа Менкиновски.

Според него, направени се повреди во постапката од АНБ, од обвинителката Лиле Стефанова и од судиите од Кривичниот совет кои одредија и ја продолжија мерката притвор за Камчев. Рече и дека одбраната се уште ја нема добиено белешката од АНБ и оти бараат фер постапка пред објективен и непристрасен орган, каде низ аргументи и докази ќе докажеле дека Јордан Камчев не е виновен и дека се работи, како што наведе, за процес со кој се сака да му се наштети на неговиот углед и репутација како истакнат стопанственик.

Тој информира дека предметот е веќе на опсервација и разгледување на повеќе меѓународни ентитети на Советот на Европа, чиј мандат е заштита на основните човекови права.

https://www.youtube.com/watch?v=aO5257cVlXY