Џоли призна: Ја запоставив кариерата поради разводот со Бред Пит!

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Холивудската актерка Анџелина Џоли на промоцијата на нејзиниот нов филм „Оние што ме сакаат мртва“ одговори на прашањето на новинарите, кои сакаа да знаат зошто во последните години не била на филмското платно, ниту се занимавала со режија

– Семејната ситуација ме спречи да го сторам тоа – кратко одговори Џоли, осврнувајќи се на разводот со актерот Бред Пит и борбата за старателство.

Инаку, актерката прави се за нејзините наследници, близнаците Нокс и Вивијан, Шајло, Захара, Пакс и Медокс, да поминат низ тешкиот период, па поголемиот дел од времето го поминува дома и се грижи за нив.

– Никогаш не се замислував како мајка во традиционална смисла. Чувствувам дека ми недостасуваат сите вештини за тоа и дека не сум добра, но се снаоѓам. Моите деца се прилично еластични, издржливи, лесно се прилагодуваат и ми помагаат. Сакам што пораснаа, па сега можам да седам со нив цела ноќ и да разговарам – заврши актерката, која е во лоши односи со поранешниот сопруг и се бори со него околу старателството над децата.

Таа го обвини за семејно насилство, што тој го негира.

Слични содржини