Кон: Оние кои немаат антитела по втората, ќе мора да примат трета доза на вакцина

од Берта Китинска
239 прегледи

Оние кои немаат антитела по приемот на две дози вакцина за коронавирус, ќе мора да ја примат и третата, изјави српскиот епидемиологи член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, Предраг Кон.

„На сите нас кои се занимаваме со оваа професија  им е јасно дека оние кои немаат антитела по две дози, а времето поминува, треба да примат уште еднадоза од истата вакцина, или да ја сменат вакцината“, Кон изјави за телевизијата К1.

Тој напомена дека засега има истражувања само за случаи кога третата доза доаѓа од истиот производител како и првите две, но исто така рече дека комбинирањето на вакцините е „иднината“.

Слични содржини