518
Муралот посветен на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој во март на Лиман во Нови Сад го наслика уметник од Добој, беше осквернавен со усташки симбол, како што пренесува порталот „021.рс“.
На челото на Балашевиќ, на Денот на победата над фашизмот, непознато лице со спреј напишалo „У“ со крст, според порталот.
Ова не е единствениот мурал посветен на Балашевиќ во некоја од градовите во Србија кој е осквернавен.
На почетокот на март, муралот „Да се живее слободно“, што беше насликан на плоштадот Слобода во тој град, беше уништен по само неколку часа.