Нетанјаху ја поддржa израелската полиција: Ова не е нова борба

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека судирите кај светилиштето во Ерусалим се „битка меѓу толеранцијата и нетолеранцијата“.

Тој објасни дека оние кои, како што рече, „сакаат да го одземат нашето право, повремено нè принудуваат силно да се спротивставиме, како што тоа го прават израелските полицајци“.

Нетанјаху истакна дека ја поддржува полицијата во таа „праведна борба“.

„Тоа не е нова борба, таа трае стотици години. Секој пат, едната страна владееше и спречуваше признавање на другата религија. Само израелскиот суверенитет овозможи слобода на вероисповед за сите“, рече израелскиот премиер.

Претседателот на Израел, Рувен Ривлин оцени дека „денес, повеќе од кога било, израелската држава ја почитува слободата на вероисповед и ќе продолжи да го прави тоа и ќе се спротивстави на нарушувањето на редот, терористичките активности и поддршката на тероризмот“.

„Ерусалим е подраг за нас од било што. Ова е време да се осигураме дека Ерусалим е почитуван од сите кои го сакаат“, рече Ривлин.

Израелските лидери го изјавија тоа по ескалацијата на насилството, на денот на продолжувањето на конфликтот меѓу полицијата и Палестинците на Ридот на храмовите, што муслиманите го нарекуваат Возвишено светилиште (Харам ал-Шариф), каде се наоѓа џамијата Ал Акса, по ескалацијата на насилството во текот на викендот.

Слични содржини