Младо момче почина при пад од тераса од зграда

од Nikola Popovski
475 прегледи

Младо момче на 25-годишна возраст починало при пад од тераса од трети кат на зграда на улицата „Гоце Делчев“ во охридската населба Воска, соопштија од МВР.

Случајот е потврден од полицијата која изврши увид на самото место, додека екипата на Службата за итна медицинска помош само ја констатирала смртта.

Неофицијално, момчето извршило самоубиство. Околностите за целиот случај ќе ги утврди истрагата.

Слични содржини