293
Премиерот Педро Санчез изјавил денеска дека Шпанија е на 100 дена од стекнување колективен имунитет.
За време на неговата официјална посета на Грција, тој оценил дека 70% од шпанските граѓани ќе бидат вакцинирани до 18 август, што е доволно за стекнување колективен имунитет, пренесува шпански „Ел Паис“.
Досега во Шпанија се дадени 19 милиони дози вакцина, односно 28 проценти од населението примиле барем една доза од вакцината, а шест проценти ја примиле втората доза.
Исто така, во април вакцинирани се повеќе граѓани отколку во првите три месеци од оваа година, а според статистичките податоци, се дава по една доза од вакцината на секои две минути.
„Почнуваме да ја надминуваме оваа несреќа“, рекол Санчез.