Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји изјави дека Европската унија треба да оди напред со проширувањето на блокот и дека не може повеќе „да губи време“.
Целта на ЕУ останува иста, а тоа е почеток на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, рече Вархеји во интервјуто објавено во дневниот весник „Маѓар Немзет“
Тој додаде дека е планирано релевантните меѓувладини конференции да почнат во јуни, пренесува унгарската агенција МТИ.
Што се однесува до континуираното вето на Бугарија на покренувањето на официјалните преговори со Северна Македонија, комесарот ги истакна големите напори на ЕУ „да ја реши таа ситуација“.
– Ако тие напори пропаднат, мора да го разгледаме покренувањето на меѓувладините разговори само со Албанија, порача Вархеји, додавајќи дека „билатералниот спор не може да го задржи целиот процес на проширување“.
Коментирајќи го Западен Балкан каде престојуваше во работна посета минатата недела, Вархеји рече дека ЕУ очекува дека околу 651.000 дози вакцини Фајзер кои ги стави на располагањ во регионот значително ќе ја зголеми ефикасноста на локалните мерки за заштита од коронавирус.
Додаде и дека ЕУ исто така работи на тоа во регионот да обезбеди и други вакцини одобрени во ЕУ.