236
Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека пандемијата е на својот врв, но дека бројот на новоинфицирани и смртоносни исходи кај пациенти со Ковид се намалува во повеќето региони, вклучително и во најтешко погодените Европа, Северна и Јужна Америка.
„Но, ова е неприфатлив врв на пандемијата со 5,4 милиони новоинфицирани и скоро 90.000 смртни случаи кај пациенти со Ковид само во последната недела“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе Ројтерс.