Неловски: Не очекувам промена во однос на отпочнувањето на преговорите на земјава со ЕУ

од Andreja Salpe
272 прегледи

На денешното гостување на дебатната емисија 24 Анализа на Телевизија 24, Владимир Неловски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не е оптимист дека ќе добиеме датум за почеток на преговори на претстојниот самит во јуни месец.

– Таа посета што ја имаа нашите претставници во Брисел е еден дел од фолклорот кој го гледаме изминативе две три години. За жал денеска добивме потврда за желба, но датумот за почеток на преговори се уште го немаме. Со оглед на сите случувања кои што се во овој момент во Р. Бугарија, јас не очекувам дека ќе има позитивни сигнали. Јас не би го темелел моето излагање на оптимизам, треба сепак да сме реални да им кажеме на граѓаните каде се движиме, бидејќи знаеме какво беше разочарувањето кај граѓаните кога се појави фамозното селфи од авион дека веќе го имаме добиено датумот за преговори, истакна Неловски.

Слични содржини