Царовска: ВМРО-ДПМНЕ преку Каракамишева шири лажни вести и манипулира со граѓаните

од Nikola Popovski
453 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ преку своите портали и партиски мегафони како Каракамишева пак се обидува дрско да манипулира со граѓаните“, објави министерката за образование Мила Царовска.

Таа на својот Твитер профил демантираше лажна вест.

„Оваа вест е чиста лага, сликата е извадок од Електронскиот дневник, систем воспоставен во 2010 година! Нема крај на лагите, граѓаните да не наседнуваат“, истакна Царовска.

Според лажната вест, објавена на дел од медиумите блиски до опозицијата, стои дека „родител 1 и родител 2 ќе бидат наместо мајка и татко на ученикот“.

Слични содржини