Министерката за образование и наука во интервју на телевизијата Клан Македонија истакна дека реформата ќе се одвива етапно, но и дека државата мора да биде одлучна кога се работи за носење одлуки за реформирање.
„Реформата ќе се одвива етапно, а од септември влегува само во прво и четврто одделение. Државата нема време уште 10 години да дискутира дали во прво одделение да се воведе новиот концепт на образование. Државата во еден момент треба да одлучи да почне со реформата. Ако само анализираме, се губи можноста да пристапиме кон развиените земји со квалитетни образовни системи“, нагласи министерката.
За оваа реформа, досега не се потрошени дополнителни средства. Царовска појасни дека реформата е целосно платена од меѓународните партнери на државата и Светска банка, затоа што веруваат дека е во најдобар интерес на учениците.