Новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, ќе го олесни движењето и ќе го забрза развојот на севрниот дел од Скопје.
-Чекор по чекор, улица по улица, булевар по булевар – Скопје конечно заличува на европски град!Со пуштањето на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, северниот дел од градот доби нова сообраќајна врска која значително ќе го олесни движењето и ќе го забрза развојот на овој дел од Скопје којшто за првпат е целосно поврзан со булеварско решение од обиколницата до централното градско подрачје, пишува на својот Фејсбук профил градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
Новиот булевар е широк 40 метри, со 6 коловозни ленти, велопатеки и пешачки патеки од двете страни, простор со средишно зеленило и зелен појас од двете страни на булеварот, како и ново улично осветлување со 140 столбови.
-Со овој булевар, околу 100.000 граѓани кои живеат во северниот дел на Скопје, а особено жителите на Чаир, Скопје Север, Топанско поле и Железара, ќе можат далеку побрзо да излезат на обиколницата, со што ќе се релаксира сообраќајот во целиот град, а особено улицата Бутелска на која редовно се создаваше голем сообраќаен метем, пишува Шилегов.