Милошоски до Заев: Дали вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер?

од Берта Китинска
176 прегледи

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, му постави пратеничко прашање на премиерот Зоран Заев во врска со средбата со турскиот мафијаш Седат Пекер.

„Поради тоа што во јавноста има голем интерес за сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот „Мафија“, јас до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање: ‘Дали вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница?‘ И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд“, напиша Милошоски на Фејсбук.

⚠️Бидејќи во јавноста има голем интерес околу сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од…

Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, 11 May 2021

Слични содржини