Започнува сезоната на одмори се отвораат и границите. Интересот за вакцинација секојдневно се повеќе расте информираат надлежните. Покрај ПЦР тестовите граѓаните границите ќе може да ги поминат и со сертификатот со QR code, на македонски и англиски јазик за примени две дози на вакцини граѓаните ќе можат да го подигнат од кај матичниот лекар.
-Насоките за изработка на потрвдата се од Europe Health Network на ЕУ, каде предвидоа дата сет на податоци кои ги содржи Кодот односно тој сертификат – име и презиме, датум на вакцина и ревакцина, тип на вакцина и на сертификатот ќе има дигитален печат од Министерството за здравство, информираа од Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
-Вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, а ревакцинирани се 23.862 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 303.574 граѓани, соопшти Филипче.