МВР соопшти дека вчера изутрина полициски службеник се здобил со повреди откако го удрило струја на семафор во Скопје.
„На 10.05.2021 година околу 09.30 часот на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, го удрило струја при исклучување на семафор“, велат од полицијата.
Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.