Уште една тајна просторија била пронајдена во викенд-куќата на групата на Вељко Беливу во белградската населба Ритопек.
Според неофицијалните наводи на српска „Република“, во оваа просторија се влегува преку таен премин, а форензичарите повторно се на лице место, пребарувајќи ја и оваа просторија.
За потсетување, минатата недела беше пронајдена тајна соба во „куќата на ужасот“ во Ритопек, која дотогаш не беше позната и која била скриена зад постојните ѕидови. Во неа е пронајдена индустриска машина за мелење месо, а по анализите е потврдено дека во неа има траги од ДНК на четири лица, што го потврдува сомнежот дека членови на организирана криминална група ги убиле своите жртви и потоа ги сецкале нивните тела, по што ги фрлале остатоците во Дунав.
Во оваа просторија бил пронајден и огромен арсенал оружје.
Криминалната група на т.н. Веља Невоља е осомничена за најмалку три брутални ликвидации и бројни други кривични дела.