Судирите меѓу израелската армија и Хамас беснеат во последните 24 часа, а сè ескалираше денес со лансирање на голем број проектили од двете страни.
Овој конфликт го прекина и натпреварот од втората лига на Израел помеѓу Макаби Ранана и Макаби Кирјат Мокин во последната четвртина, при резултат 84:60, кога едно лице истрча на теренот за да ги предупреди сите присутни на опасноста.
За среќа, никој од играчите на натпреварот не беше повреден, а уште еден натпревар беше прекинат. Откако го објавија алармот поради испуканиот проектил кон Ранан, некои играчи веднаш легнаа на подот, додека други веднаш се упатија кон излезот, за наскоро да го напуштат теренот.
A basketball game in the center of Israel, tonight
Video by @TherealIBBA pic.twitter.com/L9CknjybLD
— Arale Weisberg (@Aralos10) May 11, 2021