ГОРИ израелски нафтовод: Хамас не престанува да бомбардира! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Ракета лансирана од Појасот Газа денес погоди нафтовод во сопственост на израелска државна компанија, потврди израелски енергетски службеник за новинар на Ројтерс.

Видеорепортажа на Канал 12 на израелската „Кешет медиа група“ покажува како пламен избувнува од резервоар за нафта во близина на медитеранскиот град Ашкелон, јужно од Тел Авив.

Тензиите меѓу Израел и Хамас, кои започнаа да се разгоруваат вчера, прераснаа во вооружени воздушни напади. Израел наводно погодил цивилна зграда од тринаесет ката во Газа, па затоа Хамас возвратил со истрелување над 130 ракети на Тел Авив, насочувајќи се кон цивилни објекти, училишта, болници и градски автобуси.