Мет Дејмон за можното помирување на Бен Афлек и Џенифер Лопез: „Ги сакам и двајцата, се надевам …“

од Vladimir Zorba
572 прегледи

Најблискиот пријател на Бен Афлек, Мет Дејмон, го прокоментира можното помирување на неговиот драг колега и пријател со латино дивата Џенифер Лопез по 17 години.

Имено, Мет, кој се дружи со Афлек уште од детството, се појави во емисијата „The Today Show“ и беше прашан од водителите дали знае нешто повеќе за фактот дека sвездата на филмот „Перл Харбор „поминува сè повеќе време со неговата поранешна свршеница, со која раскина пред скоро две децении.

– Нема толку многу алкохол на светот што ќе ме натера да кажам нешто повеќе за тоа – прокоментира Мет.

– Прв пат го слушам ова од тебе. Седев тука и се подготвував за шоуто и првпат слушнав нешто на таа тема – изјави Мет.

А, што мислите за тоа? – праша водителот.

– Се надевам дека е вистина. И двајцата ги сакам. Тоа би било одлично, рече Мет.

Слични содржини